Поради неодамнешните измени на Кривичниот законик застаре и случајот „Тендери” во кој една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Предметот го отвори сега веќе бившото Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а по пет години судење, минатата година Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда.
Кога случајот стигна на Апелација – беше утврдена застареност.
Ексминистерката, според обвинението, е се гонеше за наместен тендер со „Бетон Штип“, кој вредел милион евра.
Спорното, според Јавното обвинителство, е тоа што било договорено фирмата да почне да работи, а тендерот да се објави подоцна.






