Управниот суд донесе решение со кое се прифаќа жалбата на коалицијата на опозициките партии на етничките ЀАлбанци за полнењето на кутии во Липково за време на првиот круг од претседателските избори, информираше Валбон Лимани од „ВРЕДИ“.
„Управниот суд ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“.
Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена, рече Лимани.
По парламентарните избори на 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата „ВРЕДИ“, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови, рече Лимани.






