Започнува предизборниот караван на младите социјалдемократи

Со објава на социјалните мрежи Социјалдемократската младина на Македонија односно младинската организација на СДСМ најавува дека започнува предизборниот караван на младите социјалдемократи.



Според најавата караванот ќе посети три града Свети Николе, Струмица и Битола.

Мото на караванот е Наше време, наше место, наш збор!

,,Караванот на СДММ започнува!
Ве очекуваме да ги дадете вашите идеи и предлози во пресрет на Локалните избори 2025, затоа што сега е НАШЕ ВРЕМЕ, тука е НАШЕ МЕСТО каде НАШИОТ ЗБОР вреди”, пишува во пораката со која младите социјалдемократи најавуваат предизборен караван.

Локалните избори ќе се случат во текот на Октомври.