„Двајцата поранешни сопартијци, кои делеа иста партиска идеологија, Арбен Таравари и Зијадин Села, сега изгледаат како заколнати противници.“ – објави ТВ Шења.
Во својата информација натаму телевизијата наведува: „Денес како и пред една година поставив една објава на фејсбук, со која ќе се смени судбината на државата. Иако бев тогаш под голем притисок, решив да изберам Луѓе! Денес од едногодишнината на ова можам да кажам – да, Вреди!’ – напиша Арбен Таравари на општествената мрежа.“
„На оваа објава на Таравари реагираше Зијадин Села велејќи дека ‘не го изненадува злобата, туку бесрамноста и безобразието на Таравари’. ‘Чувството на срам и вина се благородни и тие се наоѓаат во основата на цивилизираното општествено однесување, тоа е од животно значење за развојот на една од најсовршените квалитети на човечкиот потенцијал! Не сум изненаден од злобата, туку од бесрамноста, многу повеќе од безобразието, со кое го воздигнуваат срамот.’ – истакна Села во својата реакција.“
„Во реакција кон Таравари ДУИ иронизираше со неговата објава, велејќи дека има право оти со една објава од пред една година го сменил текот на државата. ‘Една година подоцна, билансот на таа негова одлука е јасен: Албанците од рамноправни партнери во одлучувањето станаа гледачи на власта, каде што нивната судбина се одредува во канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ. Албанците денес немаат механизам за заштита од дискриминација во државните институции. Денес Албанците се исклучени од клучните државни процеси.’ – наведе ДУИ во своето реагирање.“ – објави ТВ Шења.
Home Македонија Започна ли предвреме предизборната кампања спроти локалните? Зборовен „судир“ меѓу Таравари, Села...





