Синоќа во доцните часови повторно се чуствуваше непријатен мирис во Ченто и околината на обиколницата, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Тој сподели видео и информираше дека инспекцијата која излегла на терен го известила дека мирисот доаѓа од пожарот на депонијата во Арачиново.






