Во 86 година од животот на седми Септември замина Анка Гиева легендарна Македонска пејачка која овековечи низа македонски песни.
Анка Гиева заедно со Васка Илиева, Никола Бадев и други десет пејачи беше меѓу 13 легендарни музичари од областа на македонската народна музика кои во 2022 беа одликувани со Медал за заслуги за Македонија.
Семејството соопшти дека Анка ќе биде погребана денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје.
Родена во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. За Радио Скопје снимила голем број антологиски народни песни, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода”, „Отвори ми бело Ленче” и други.
Гиева е одликувана за својот придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.
Најчитани статии
Неодговорен овчар ставил во тешка опасност десетици македонски граѓани (ВИДЕО)






