Ученици и студенти на УКИМ одадоа почит на настраданите од Кочани (ВИДЕО)

На платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска на пладне, студенти и ученици од средните училишта во Скопје одржаазаеднички час за да искажат почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.

Тие искажуваат сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите, јави МКД.МК.

Отворена беше Книга на жалост пред Правниот факултет, а во поставените кутии можеа да се донираат пари кои ќе бидат донирани на Црвениот крст.

На собирот им се слоши на некои од присутните студенти и беше повикана Брза помош.

Поради тоа неколку пати беа прекинати обраќањата на ректорката Билјана Ангелова и на министерката за образование Весна Јаневска.

Собирите на студентите ќе се одржуваат секој ден од 12 часот секој ден до 21 март 2025 година, јави Плусинфо.

 

Студентите на УКИМ ќе одадат почит за настраданите во Кочани