„Ова беше информативна средба за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц. Овој процес бара одговорност. Имаме цел да обезбедиме напредок и заштита на националните интереси. Неопходна е вклученост на сите“, рече синоќа премиерот Зоран Заев по петчасовната лидерска средба на која шефот на државата и лидерите на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ги разгледувале предлозите на посредникот на ОН, Метју Нимиц.
Во изјавата и одговарајќи на прашања на новинарите во Клубот на пратеници, премиерот Заев изјави дека е оптимист дека може да се најде национален консензус за ова прашање и додаде дека решение е можно ако има волја и од грчка страна.
„Ние ќе продолжиме да преговараме“, рече Заев и додаде дека мора се внимава да не се наруши преговарачкиот процес.
Целата прес-конференција на премиерот Зоран Заев на видеото подолу




