Заев пак го нема кога е критично

Договорот за добрососедство со Бугарија, денес треба да биде ратификуван од македонскиот парламент, но и овој пат во собраниската сала нема да биде премиерот Зоран Заев.



Премиерот, заедно со бугарскиот колега Бојко Борисов, го потпишаа Договорот на 1 август и тој веќе ја помина фазата на ратификација во Бугарскиот парламент.

На денешната седница, нема да присуствуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поради бојкотот кој трае откако нивни колеги се наоѓаат во истражнииот затвор во Шутка по обвиненија поврзани со настаните од 27 април.

Опозициската партија не присуствуваше ни на седницата на која „со европско знаменце“ и со гласање на 69 пратеници на СДСМ и на албанските партии беше усвоен Законот за употреба на јазиците со кој се официјализира албанскиот како втор официјален јазик на целата територија на Македонија.

И Договорот со Бугарија и Законот за јазиците беше еден од позначајните проекти на владата на Зоран Заев.

Ни на таа седница не присуствуваше премиерот кој, као што се дознава, е на одмор во Италија со семејството, до 17 јануари кога, во Њујорк треба да се одржи средбата на средбата на посредувачот Метју Нимиц со амбасадорите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис за горливото прашање за името, кое, според најавите на македонскиот премиер требало да биде затворено во првата половина на оваа година за да се обезбеат услови земјава да влезе во НАТО.

Истиот ден, во Македонија треба да пристигне и првиот човек на НАТО, Јан Столтенберг.

Носењето на овие два важни и според некои, контроверзни Закон и Договор, како и подготовките пред средбата со Нимиц се спроведуваат без присуство во државата на нивниот најголем заговарач и поддржувач, премиерот Зоран Заев.