Заев не се меша во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ

„Не сакам да си дозволам да коментирам работи на нашиот прв политички опонент и уште еднаш ќе повторам: силна опозиција ќе ја направи власта да биде поодговорна, потранспарентна, поотчетна и попосветена на граѓаните“, изјави премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ, во врска со најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе оставка на функцијата шеф на партијта пред раководството на партијата.



Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа одлучи вонредниот конгрес на паријата да се одржи на 23 декември, на кој, многу веројатно ќе се избере и нов лидер.

На протестите вчера пред Влада, симпатизери на партијата го повикуваа Груевски да не се повлекува.

„Tоа се внатрешни процеси, кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството ќе си ги дефинираат како што тие сметаат дека е најдобро“, изјави Заев.