Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се состана со македонскиот премиер Зоран Заев и во таа пригода доби на подарок дрес на фудбалскиот клуб „Вардар” со број 9 и со презимето на Вучиќ.
Пред состанокот со Вучиќ, Заев се сретна со српскиот премиер Ана Брнабиќ во Палатата Србија.
Таа изјави дека нејзиниот македонски колега се согласил на седница на двете влади кон крајот на февруари или во почетокот на март, пренесува Б92.
„Регионалната соработка и регионалната интеграција се многу важни, бидејќи без регионален мир и стабилност нема европска интеграција на Западен Балкан“, рече Брнабиќ по состанокот со Заев.





