Заев: Македонија не загуби ништо со договорот со Бугарија

Македонија беше скарана со сите соседи еа сега е пријателка со нив, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија бТВ.



„Македонија доби од договорот за добрососедство со Бугарија, а не загуби ништо. Ние зборуваме на јазик на кој се разбираме. Само заедно можеме да си помагаме и да одиме напред”, рече Заев пренесуваат медиуми.

Говорејќи за најжешките прашања Заев рекол дека во учебниците веќе не се зборува за „бугарскиот фашистички окупатор“ и дека македонското општество го осудило уништувањето на споменикот на Кајмакчалан, бидејќи тоа предизвикало страдање на Бугарите.

„Личности од нашата заедничка историја треба да не поврзуваат. Кавги не носат перспектива, туку само сиромаштија. Македонија и Бугарија се искрени пријатели и треба да го градат тоа пријателство“, истакна Заев.

Тој во интервјуто уште додаде дека „сакаме да гледаме во иднината напред, а на да се враќаме назад.

Околу признавањето на албанскиот јазик како втор официјален, што беше едно од барањата на албанското малцинство македонскиот премиер рекол дека Македонија е мултиетничка и мултиазична земја  и дека признавањето на јазиците е европско право.

„Во моментов со вас зборувам на бугарски и на македонски и се разбираме целосно. Јазикот е, за да се разбереме“, рекол македонскиот премиер.