Заев и Борисов на заедничка седница во Струмица

Разговори за напредокот на добрососедските односи меѓу двете земји и теми од различен интерес за Македонија и Бугарија ќе бидат во фокусот и разгледани на заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија во Струмица на 23 ноември, соопшти соопшти прес-службата на бугарската влада.
МИА претходно објави дека македонската влада донела одлуки за заеднички седници со владите на Бугарија, како и со Албанија на 2 декември, пренесува Алсат-М.
Седницата на двете влади ќе заврши со полагање венец на споменикот на македонскиот претседател Борис Трајковски кој загина во авиионска несреќа во 2004 година.
Сеедницата била договорена за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов на Македонија на почетокот на август, кога беше потпишан и Договорот за пријателство, соработка и добрсоседство меѓу двете држави.