Премиерот смета дека договорот за добрососедство со Бугарија е затворање на едно поглавје, што било проблематично во изминатиот период. Тој смета дека парламентот нема да гласа за нешто што не е од интерес за граѓаните.
„По сите сугестии што ќе ги добиеме од експертската јавност, од Парламентот и Владата, се надевам дека ќе дојде до склучување на договорот. Договорот се носи од Парламентот. Парламентот на крајот гласа. Ако е нешто на штета на Македонија, нашиот Парламент има директна одговорност кон граѓаните и не треба да се плашиме. Ако е нешто добро, Парламентот ќе гласа. Јас како добро упатен политичар, којшто и понатаму бара поддршка од граѓаните, нема да дозволам влакно да ѝ фали на Македонија во нејзините перспективи“, изјавил премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање во Штип.





