Наспроти барањето на лидерот на ДПА – ДР Зијаден Села кој се закани дека ако не биде донесен јазикот пред изборите ќе излезе од владата, премиерот Заев најави дека процедурата за законот ќе започне пред нив но ќе заврши по изборите.
Премиерот го отфрли барањето на Села законот да се носи без консултации со Венецијанската Комисија која што треба да даде зелено светло за него доколку тој е во солгасност со македонскиот устав. Еден од проблемите со кои ќе се соочи законот во ова европско правно тело е што законот ќе ги промовира правата на само едно малцинство , Албанското, а другите заедници во земјата нема да добијат проширување на своите права.
Премиерот е уверен дека владата со носењето на законот за јазиците пред локалните избори нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница.
„Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени ќе биде усвоен и во Парламентот. Само следете не, ќе видите како ќе растат гласовите и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите,… кон оваа владејачка коалиција“ смета Заев, одговорајќи на медиумите состанокот во Сојузот на стопанските комори.
Премиерот мисли дека народот сака решавање на проблемите и затоа нема да ја казни владата за законот со кој Албанскиот јазик ќе добие официјален или службен статус на цела територија на земјата.
„Никој не губи ништо, секој има право на еднаквост во нашето општество и да ја чувствува Македонија како своја“, вели премиерот.
Законот за јазиците во моментов го пишуваат работни групи во Министерството за правда од каде веќе наредната недела може да биде донесен во Владата од каде потоа ќе се испрати до Венецијанската комисија и Парламентот.





