Синоќа на автопатот Тетово-Скопје, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 24-годишен младо момче од Свети Николе.



СВР Тетово информираше дека несреќата се случила околу 20:30 часот, кога патничко возило „Голф“, кое го управувал младиот возач, излетало од коловозот на околу пет километри од Тетово.

И покрај брзата интервенција на екипите на Итна медицинска помош, констатирана е смрт на лице место.

„Возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Тетово“,  изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.