Деветнаесетгодишно момче од Грција, починало вчера како резултат на повреди во забавен парк на Халкидики, каде го поминувало одморот со неговите родители и двајцата браќа, извести Катимерини.



Момчето добило огромни повреди од кои починало, откако се откачило столчето од вртелешка во забавиот парк.

Според Катимерини, столчето од вртелешката се откачило кога операторот на забавниот парк ја зголемил брзината на движење.

Сопственикот е уапсен, а полицијата трага по операторот. Несреќата се случила во неделата во селото Пефкохори, а 19-годишното момче починало вчера во медицинскиот центар во близина на Касандра.