Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне кај скопското село Блаце помеѓу автомобил и автобус на ЈСП. Во несреќата тешко повредено е и 13-годишно момче, брат на загинатиот, јави Слободен печат
Тинејџерот кој го управувал автомобилот, веднаш бил пренесен во градската болница, каде што починал како последица на сериозноста на повредите.
Несреќата се случила кога автобус на ЈСП со број 81, кој сообраќал на редовната линија, се судрил со автомобил во кој се наоѓале двајцата малолетници.






