Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.



Според првичните информации на СВР Штип, во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.

Возачот 39,годишен скопјанец починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.

Од почетокот на годинава, на експресниот пат Штип-Кочани се случија неколку тешки сообраќајни несреќи во кои животите ги загубија вкупно пет лица.