Во израелски напад врз пансион јужно од либанската престолнина Бејрут, утрово загинаа тројца медиумски работници, објавија државните медиуми.
Според првите извештаи од терен, тројцата убиени се идентификувани како снимателот на ТВ Ал-Манар, Висам Касем, камерманот на ТВ Ал-Мајадин, Гасан Наџар и техничарот на Ал-Мајадин, Мухамад Реда.
Повредени се и неколку новинари и фотографи од други медиумски куќи.
„Таргетирањето резиденција на новинари од страна на окупаторите беше намерно, а има повредени новинари од други арапски канали“, напиша директорот на Ал-Мајадин, Гасан бин Џидо на профилот на каналот на “Х“,.
„Ја сметаме окупацијата целосно одговорна за ова воено злосторство, во кое цел беа новинарски екипи, вклучително и тимот на Ал-Мајадин“.
Засега нема коментар од Израел.






