Завршување на експресниот пат Градско – Дреново до крајот на годинава најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски,
Тој на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново:
-Воведуваме нова динамика во работењето! Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, пишува Николоски во својата објава.
https://www.facebook.com/share/v/45w9M764bkrPqCPE/?mibextid=oFDknk





