Заврши „Есенската кошница”, не се очекува раст на цените

Заврши мерката за ограничување на профитната маржа до 10 отсто на 73 прехранбени производи што беа опфатени со „Есенската кошница”.



>Надлежните не очекуват ценовен шок, а доколку се забележи енормно зголемување на цените, Владата најави жесток одговор. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе ги искористат сите алатки што им стојат на располагање со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

– Очекувам заедно со коморите, трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа, жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со сè што имаме како алатка на располагање, изјави Мицкоски.

Според Министерството за економија мерката го дала посакуваниот ефект оти целта била да се стабилизираат цените. Инаку се изработува и новогодишна кошничка која според најавите ќе биде поразлична од есенската, а ќе има и божиќна, пролетна, рамазанска…