Холандскиот новинар Винсент Трист сподели со твитерската заедница предупредување на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана што сè е забрането да се носи во рачниот багаж.
„Ве молиме не ги ставајте вашите пушки АК 47 и стингери во рачниот багаж кога летате од меѓународниот аеродром во Тирана“, вели саркастичниот твит на слободниот новинар што живее во Тирана и работи за меѓународни и за албански медиуми, фокусирајќи се на Албанија и на Балканот.
Предупредувањето е апсурдно со оглед на габаритноста на рачните фрлачи или на калашниковите, макар и расклопени во делови, бидејќи на секој аеродром има и детектори за метал и скенери за багажот. Но, Албанците, очигледно, не препуштаат ништо на случајот, водејќи се од онаа „да не речете дека не сме ви рекле“.




