Слики на Џон Ленон, кои повеќе од 30 години биле скриени во фиока, бидејќи нивниот сопственик сметал дека се безвредни, неодамна го видеа светлото на денот, а британскиот аукционер Дарен Џулиен нивната вредност ја проценува на 10.000 фунти.



Во музејот во Ливерпул кој се нарекува „Музеј на приказната за Битлси“ се донесени 26 фотографии и негативи кои датираат од 1970 година.

Нивниот сопственик, кој сакаше да остане анонимен изјави дека негативите ги купил неговиот сега веќе починат татко во 70-тите години од минатиот век кога тој студирал уметност.

„Многу од нив се лични Ленонови портрети, кои се „ретки“, а вредноста би можела да достигне до 10.000 фунти“, изјави Џулиен.

Негативите покажуваат слики од Ленон од моментите на создавање на најважните уметнички дел од неговата кариера, кога Битлси се „распаѓаат“, но и кога тој го издаде својот сингл.

Тоа беше првиот соло сингл на член на легендарниот рок бенд, кој во САД се продаде во повеќе од еден милион примероци.

Негативи и фотографиите од ноември ќе бидат изложени во музејот на Битлси во Ливерпул, а во текот на 2018 година ќе бидат понудени на аукција.