„Журнал“: Штом ѝ се смени името на земјата, ќе се случат и уставните измени, не треба да се драматизира дека таа ќе пропадне

„Ако не беше веројатно некогаш дека може да ѝ се смени името на земјата и да продолжи натаму евроинтегративниот процес, тоа е денес веќе реалност. Утре ќе бидат реалност и уставните измени. Потребно е да не се создаваат непотребни драми дека ќе пропадне државата, ако ѝ се промени уставот. Нема да се случи ништо лошо и штетно за земјата. Ќе се случи отворање на патот и продолжување на патувањето кон ЕУ. Но, нема да влеземе во ЕУ само со промената на уставот, бидејќи нè чекаат уште многу работа и реформи на многу различни полиња.“ – се нагласува во редакциската анализа со наслов „Одржувањето на европскиот курс на земјата не е само барање, туку и нејзина потреба!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.



САД и ЕУ повикуваат на продолжување на патувањето кон ЕУ–

„Журнал“ пишува: Владата во доаѓање е свесна дека одржувањето на европскиот курс и европското патување не се само барање на меѓународниот чинител, туку е и итна потреба на земјата. Ова не е недостижно штом стигна земјата стигна до оваа точка со нестабилна влада. На земјата со стабилна Влада ѝ е уште полесно да го продолжи овој пат. САД и Франција ја повикаа новата Влада на * Македонија да ја задржи насоченоста на патот кон ЕУ и да ги почитува своите меѓународни обврски.

Оваа порака беше испратена од средбата меѓу делегациите, предводени од американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, што се одржа во Франција.  „Бајден и Макрон разговараа за Западниот Балкан и ја истакнаа важноста на европската интеграција на регионот“ – стои во соопштението од Белата куќа на САД.

Овој повик е сигнал дека поддршката на САД и ЕУ за новата Влада е неспорна, потребни е се само свест и конкретна работа во оваа насока. Ова веќе го покажаа: Секретаријатот за европски прашања се претвора во министерство со целосни овластувања, за да работи повеќе во оваа насока. Затоа треба час поскоро да се продолжи со работа онаму каде што беше застанато. Изборната кампања заврши и сега е време да се докаже дека оваа земја има луѓе и капацитет да ги придвижи процесите напред кон подобар живот за сите без разлика.

Мора да продолжи европското патување

Ако не беше веројатно некогаш дека може да ѝ се смени името на земјата и да продолжи натаму евроинтегративниот процес, тоа е денес веќе реалност. Утре ќе бидат реалност и уставните измени. Потребно е да не се создаваат непотребни драми дека ќе пропадне државата, ако ѝ се промени уставот. Не, нема да се случи ништо лошо и штетно за земјата. Ќе се случи отворање на патот и продолжување на патувањето кон ЕУ. Ќе влеземе ли во ЕУ со промената на уставот? Секако не, бидејќи нè чекаат уште многу работа и реформи на многу различни полиња.

Но она што ќе се случи сигурно ќе биде доказ дека оваа земја има политичка волја да стане членка на големото европско семејство. Значи, не се доволни само анкети или изјави, потребни се и конкретни дела. Секоја смела акција денес е доказ и напор да се создаде подобра иднина утре. Значи, политичари-визионери се оние кои мислат и дејствуваат за идните генерации, а не за денес. Тоа е докажано и несомнено ќе се докажува дека има луѓе кои се грижат за генерациите што доаѓаат, оти има луѓе, кои се стремат кон развој и напредок во сите области во целина.