„Журнал“: Р*М е сиромашна за пари, но е „богата“ со политичари! На 8.5 има кандидати за 7 собранија со по 120 пратеници!

„Во Македонија има малку пари, но многу политичари! Амбиција да станат пратеници изразија 840 кандидати, кои ќе се натпреваруваат на изборите на 8 мај да заземат 120 пратенички места во Собранието. Претставени се доволно кандидати за формирање седум парламенти со по 120 пратеници!“ – констатира информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа.



Покрај другото, во анализата натаму „Журнал“ пишува: * Македонија е земја сиромашна за пари, но е „богата“ со политичари. На изборните листи се пријавиле 840 кандидати за пратеници, но 8.400 други имале амбиции да бидат дел од листите. Некои се огорчени со својата партија, бидејќи не ги кандидирала повторно и тие веќе ја анализираат можноста да сепрефрлат во другиот табор.

Некои ќе чекаат со надеж дека судбината ќе им се насмевне по четири години, а можеби и порано ако изборите се одржат предвреме… Секако, остануваат стремежите дека можеби ќе станат министри, заменици министри, директори, но и кандидати за за општинските избори, кои ќе се одржат наесен идната година.

На изборите на 8 мај се натпреваруваат пет коалиции и неколку политички партии. Големиот број партии и листи не е голем проблем, но проблем и загриженост предизвикуваат  можните изборни инциденти. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски даде инструкции за високо ниво на внимателност и подготвеност на полицијата, како и за прибирање оперативни информации за спречување на можни загрозувања на безбедносната состојба во предизборниот период.

Директорот на Бирото за јавна безбедност и членовите на Оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи информираа дека безбедносната состојба е стабилна, а полицијата е подготвена да се соочи со идниот безбедносен предизвик поврзан со организацијата на изборите. За да се спречи каков било обид за загрозување на изборниот процес, досега се одржани пет средби со Државната изборна комисија и во тек е дополнителна обука на полициски службеници – соопшти МВР.