„Со Преспанскиот договор се реши неколкудеценискиот спор со Грција. Договорот од Преспа беше историска и смела одлука. Следната смела и неопходна одлука е затворање на спорот со Бугарија. Многу е важно да се внесе бугарското малцинство во уставот и да се зачуваат добрососедските односи со Бугарија.“ – вели информативната агенција на албански јазик„Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Преспанскиот договор – смел чекор, само со овој ритам е достижен напредок!“.
Покрај другото, „Журнал“ пишува: Со Преспанскиот договор се реши неколкудеценискиот спор со Грција. Добар договор значи стремеж кон подобра иднина. Овој договор го отвори патот земјата да стане членка на НАТО. Преку овој договор * Македонија го отвори патот за продолжување на зачленувањето во ЕУ. Земјата не изгуби ништо, туку доби многу.
Договорот од Преспа беше историска и смела одлука. Следната смела и неопходна одлука е затворање на спорот со Бугарија. * Македонија е условена да направи уставни измени со цел бугарското малцинство да се вклучи како составен дел на Уставот на земјата, согласно со францускиот предлог, што го прифатија двете држави. Нарушувањето на добрососедските односи со Бугарија ја нарушува досегашната работа, но многу е важно да се зачуваат тие односи.
Отворениот спор меѓу * Македонија и Бугарија е причина за продолжување на датумот за почеток на преговорите со ЕУ. Но, ова е проблем кој не блокира само една држава, туку две држави се блокирани од овој сè уште незатворен спор. Албанија е во неволја поради немањето решение меѓу овие две држави. Оценето е дека * Македонија и Албанија мора да одат заедно како блок во Европската унија. Лидерите на ЕУ не претпочитаат Албанија да се одвои од * Македонија.





