Журнал“: По внатрешно-партискиот удар, што му се случи во АА, Таравари треба да поднесе оставка и да се повлече целосно од политиката!

„По внатрешно-партискиот удар, што му се случи во неговото крило во Алијансата за Албанците по многуте заминувања на високи функционери и двајцата пратеници во парлaментот, Арбен Таравари треба да поднесе оставка од морални причини и да се повлече целосно од политиката!“ – нагласува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот редакциски коментар со наслов „По заминувањето на двајца пратеници и половина од гласачкото тело во Алијансата за Албанците дали Арбен Таравари треба да поднесе оставка?“.



Агенцијата пишува: „Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците слабее секој ден се повеќе, поради масовните заминувања, што се случуваат. По оставката на пратеникот Салим Сулејмани пред неколку дена и  пратеничката Мимоза Муса му го сврти грбот на Таравари, за да продолжи по патот на промените, како што објави таа на фејсбук.

Покрај заминувањата на високи партиски функционери, голем дел од гласачкото тело му го вртат грбот и на Таравари му го врти грбот и голем дел од бирачкото тело, бидејќи не ја прифаќаат на никаков начин неговата соработка со ДУИ.

По сите овие случувања на политичката сцена, дали треба да поднесе оставка Арбен Таравари од морални причини?

Ако остана барем малку политички морал во личноста на Арбен Таравари по овој внатрешно-партиски удар, што се случи во неговото крило на АА, тогаш тој ќе треба да се повлече целосно од политиката, пред да се свртат на страната на Зијадин Села и оние малкумина поддржувачи, што му преостанаа. – заклучува „Журнал“ во својот редакциски коментар.