„Журнал“: Мицкоски го одби барањето на Тачи од ДПА за формирање на новата Влада со Али Ахмети и Зијадин Села!

„Дознаваме од сигурни извори дека лидерот на ВМРО Христијан Мицкоски го одбил барањето на лидерот на ДПА Мендух Тачи за формирање нова влада со Европскиот фронт.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата информација со наслов „Журнал дознава / Тачи во присуство на Ахмети и Села контактирал со Мицкоски за формирање на Новата Влада, еве што одговара Мицкоски“



„Журнал“ пишува: Наши извори ни соопштуваат дека на денот кога лидерите на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на ДПА Мендух Тачи оделе на пат кон кон Тирана, додека пиеле кафе во еден ресторан во Струга, Мендух Тачи исконтактирал со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Барал од него да формира нова влада со Европскиот фронт.

Тачи му вели на телефон на Мицкоски: Христијан, ајде да ја  формираме новата Влада.

Мицкоски му одговара на Тачи: Со тебе нема проблем, ти си добредојден.

Тачи го прашува Мицкоски: Не само со мене, туку со Европскиот фронт?

Мицкоски му одговара на Тачи: За тебе е отворена вратата, но за Али Ахмети и за Зијадин Села – НЕ!

Нека се разбере дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ има цврста одлука да ја формира новата Влада со коалицијата „Вреди“!