„Македонските граѓани, што имаат европска насоченост, треба да им се заблагодарат на албанските граѓани, кои со години ја докажуваат својата доследност кон ЕУ. Албанците се бескомпромисни определувачи на судбината на земјата во однос на европската ориентација. Најголемата пречка * Македонија да не добие датум за почеток на преговори со ЕУ на Македонија е бугарската држава. Но, единственото решение се заснова врз француско-германскиот план, преку кој * Македонија се обврзува да направи уставни измени и да ги вклучи Бугарите како составен дел од Уставот.“ – истакнува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа под наслов „Албанците се определувачи на европскиот курс на земјата!“.
Покрај другото, „Журнал“ пишува: Македонските граѓани, што имаат европска насоченост, треба да им се заблагодарат на албанските граѓани, кои со години ја докажуваат својата доследност кон ЕУ. Албанците се бескомпромисни определувачи на судбината на земјата во однос на европската ориентација. Врз основа на сите истражувања, докажано е дека во Р*М, Албанија и Косово албанскиот народ е најзаевропскиот народ во регионот. Овој факт ја врамнотежува * Македонија и ѝ помага на нејзиниот пат кон ЕУ. Колку побргу ќе влезе земјата во ЕУ, толку повеќе ќе се забрза нејзиниот развој и напредок на сите полиња.
Дали само апликацијата и интересот на една држава се неопходни, или доволни за влез во ЕУ. Заради тоа секоја земја, мора да исполни неколку услови. За какви услови станува збор, дали тие се исполнуваат тешко, или станува збор за немањето сериозност кај државите-кандидатки во целина, посебно кај нашата држава? Тоа се прашања, за кои треба да се расправа.
Најголемата пречка * Македонија да не се добие датум за почеток на преговори со ЕУ на Македонија е бугарската држава, која директно ја кочи и Албанија. * Македонија и Бугарија ги заострија односите поради историски спорови. Официјална Софија бара Скопје да ги прифати бугарските барања дека македонскиот јазик е бугарска норма и оти Тито го создал македонскиот народ.
Но, единственото решение се заснова врз француско-германскиот план, преку кој * Македонија се обврзува да направи уставни измени и да ги вклучи Бугарите како составен дел од Уставот на земјата. За овие измени се потребни 80 гласови од пратениците, кои сегашното парламентарно мнозинство има тешкотија да ги обезбеди, бидејќи македонската опозиција остро се противи, а албанската опозиција постави два услова. Преку француско-германскиот план се постигна договор меѓу * Македонија и Бугарија, но суштински важни се уставните промени, за да го продолжи * Македонија своето патување кон зачленувањето во ЕУ.





