„ДУИ, која беше најдолго на власт, не успеа да го спроведе во целина Охридскиот договор и затоа нема морално право да кажува кој ќе го води министерството, што беше задолжено за спроведувањето на тој договор.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Ако го спровела ДУИ Охридскиот договор во целина, сега не треба да биде загрижена воопшто!“. „Журнал“ реагира со својата анализа во врска со ставот на потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, кој се огласи на 16 јуни 2024 година против одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да го предложи од редовите на својата предизборна коалиција претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ како вицепремиер и прв човек на Министерството за односи со заедниците, кое го водеше Артан Груби. „Охридскиот договор за прв пат по 2001 година во рацете на Србин со путинистички убедувања! Промената штотуку започна!“ – имаше напишано на фејсбук Арбер Адеми.
Покрај другото, во својата анализа „Журнал“ пишува: Секретаријатот за следење на динамиката на реализирањето на Охридскиот рамковен договор во рамките на Владата беше згаснат пред неколку години, преминувајќи во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова беше министерството, со кое до неодамна раководеше Артан Груби. Но нема ниедно конкретно унапредување, или практична работа, што ја унапредила примената на Рамковниот договор. Затоа, секој обид за поткопување на влијанието на Вреди во новата Влада е дејствување против Албанците, а не против Вреди. Оние кои не успеаја целосно да го спроведат Охридскиот договор немаат морален легитимитет сега да го бранат истиот договор.
Охридскиот рамковен договор стави крај на оружениот судир во во денешна * Македонија, поставувајќи ги темелите за нов договор меѓу Албанците и Македонците, како два најголеми народа, што ја населуваат оваа земја, за натамошна изградба на * Македонија како независна и суверена држава. Актерите, кои биле директно вклучени во изработката на овој рамковен документ, велат дека тоа бил историски договор меѓу Албанците и Македонците, но додаваат дека се манипулира со него во корист на теснопартиски интереси.
Насуфи: „Охридскиот договор имаше за цел да го запре концептот на еднонационална држава“
Џевдет Насуфи, еден од подготвувачите на Охридскиот договор и поранешен министер за правда, за Радио Слободна Европа изјави дека овој документ има две основни цели: прекин на оружениот судир и унапредување на правниот статус на Албанците во * Македонија. „Охридскиот договор имаше цел и правно да се регулира положбата на Албанците, што значи да се запре концептот на еднонационална држава. Оние, кои ги извршуваат државотворните функции, функциите на државата, се речиси исклучиво Македонци. Значи, вработувањето на Албанците во државните институции не одело во квалитативен аспект согласно Охридскиот договор, во смисла на тоа тие да бидат елемент на остварување на функцијата на државата.“ – рече Насуфи, покрај другото.
„Кај сме ние кога станува збор за консензуалната (договорна – заб.прев.) демократија? Албанскиот јазик е само еден дел, а има и многу други делови на Рамковниот договор, кои се оставени на страна и никој не зборува за тоа.“ – дополни тој.
Рамковниот договор требаше да се спроведе за четири години, откако беше постигнат со посредство на ЕУ и САД. Но сега сме во третата деценија од неговото потпишување, а статусот на албанскиот јазик е и натаму 20 проценти. Охридскиот договор повеќе се користи повеќе како средство за остварување теснопартиски интереси. Односот на албанските партии кон него се менува во зависност од позицијата, што ја имаат во власта.





