„Владата на Република * Македонија е меѓу најстабилните во историјата на државата, за разлика од претходните влади, кои стоеја на стаклени нозе. Но, сепак, изминатата 2024-та беше загубена година, поради неспроведените уставни промени. Неизгласувањето на уставните амандмани е неуспех на годината, кој им се припишува на сите политички партии.“ – истакнува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Уште една година загубена, без уставни амандмани!“.
Натаму, покрај другото, „Журнал“ пишува: Уставните амандмани се услов за продолжување на патувањето кон ЕУ, преку кои се предвидува бугарскиот народ да биде вклучен како составен дел во Уставот и за таа цел да се постигне надпартиски и сеопфатен компромис.
Оваа можност за 2024-тата година е изгубена. * Македонија ќе бележи застој во патувањето кон членството во Европската унија, а тоа ќе предизвика сеопфатно назадување, речиси во сите области на животот, во надворешната и домашната политика , во образованието, во здравството. Последиците за тоа ќе ги плаќа целото општество без разлика.





