„Журнал“: Албанците доволно застапени во идната влада

Порталот на албански јазик „Журнал“ во редакциски коментар ја брани тезата дека Албанците ќе имаат доволна застапеност во новата влада на идниот премиер Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.



„Додека се води битката за легитимитетот на албанскиот глас, коалицијата ‘Вреди’ успеа да обезбеди поволни и задоволителни позиции за Албанците во идната влада предводена од Мицкоски. И тоа како да не им се допаѓа на политичките противници, сега наклонети кон ДУИ во албанската опозиција, кои продолжуваат со неосновани обвинувања дека Албанците не се доволно застапени во оваа влада. Што, всушност, повеќе покажува дека тие не се загрижени за Албанците, туку за губењето на власта.

Која е вистината: во рамките на новата влада коалицијата ‘Вреди’, покрај функцијата спикер, ќе има и две вицепремиерски позиции, меѓу кои и прв вицепремиер и оној за добро владеење, како и 5 министерства: здравство, економија, социјална политика, екологија, како и евроинтеграции“, пишува „Журнал’.

„Африм Гаши, сега претседател на Собранието на Северна Македонија, е избран со 76 гласа ‘за’ и само 6 гласа ‘против’ од вкупно 117 присутни во салата. Со овие избори се разрешува и дилемата дали Албанците нема да бидат соодветно застапени во овој законодавен дом. Но, на оваа работа му дојде крајот бидејќи Албанците и понатаму достоинствено се претставени дури и со ‘Вреди’.

Од моментот кога беше потврдено дека ‘Вреди’ ќе биде дел од идната влада, кружеа дезинформации преку кои се обидоа да создадат невистинита ситуација дека Албанците со ‘Вреди’ во Владата нема да бидат доволно застапени. Но, денес на овие гласови им дојде крајот и веќе не се слушаат бидејќи се случи она што го ветија челниците на ВЛЕН, дека ќе добијат една од трите главни функции во државата. Албанците продолжуваат да го имаат шефот на Собранието. Овој пат судбината на Африм Гаши беше да седне во фотелјата на претседателот на Собранието како претставник на ВЛЕН и делегат на гласот на албанскиот народ.

Ништо повеќе и ништо помалку од кажаното сега е реалност и завршена работа. Така, со оваа акција и денешната одлука на Албанците им се враќа надежта и довербата дека полека работите се враќаат таму каде што требаше одамна.

ИПП ја носи најновата анализа, каде со конкретни факти и бројки аргументира дека Албанците во оваа влада се многу подобро застапени отколку во претходните влади предводени од ВМРО. Во рамките на новата влада, коалицијата ВЛЕН, покрај функцијата спикер, ќе има и две вицепремиерски позиции, меѓу кои и прв вицепремиер и онаа за добро владеење, како и 5 министерства: здравство, економија, социјална политика, екологија, како и евроинтеграции.
Оваа застапеност всушност е значително подобра од онаа што ДУИ и ДПА ја имаа во коалицирањето со ВМРО во последователните кабинети на Груевски (2006-2015), каде албанските партии никогаш не ја извршуваа функцијата претседател на Собранието, додека во одредени случаи имаа само еден вицепремиер, а 4 до максимум 5 министерства.

Во кабинетот „Груевски V“ (19.06.2014 – 11.10.2015) ДУИ имаше најдобра застапеност во совладеењето со Груевски, со двајца вицепремиери, 5 министри и министерско место без ресор, но тоа е повторно под нивото на застапеноста на ВЛЕН поради недостиг на спикерско место.

Застапеноста на коалицијата ВЛЕН, всушност, е во просекот на Владата на Заев. Ако се остави настрана позицијата на Рамиз Мерко како министер без ресор во првиот Кабинет на Заев СДСМ-ДУИ-АА, застапеноста на коалицијата ВЛЕН е идентична со втората влада: спикер, двајца вицепремиери и 5 министри. Дури, по политичка тежина, ситуацијата беше полоша во минатиот Кабинет на Заев (2021 година), каде ДУИ имаше претседател и 6 министри, но само еден вицепремиер.

Во овие две децении албанската застапеност на власт всушност беше подобра од уделот што ќе го има ВЛЕН во новата влада, само за време на Владата на Ковачевски (2022-2024), кој всушност беше премиер без политички легитимитет, по оставката на Заев, кој беше зафатен со купување време до следните избори, надевајќи се на некое чудо што ќе ја спаси неговата партија од сигурен банкрот.

Во такви вонредни околности, Ковачевски беше дарежлив затоа што неговиот политички опстанок зависеше од компромисите што ги правеше пред албанските партии, сите без исклучок, што резултираше со извршна власт каде имаше и до 8 министри Албанци. На големите и на малите им е јасно дека овие вонредни околности тешко можат да се повторат во догледна иднина“, стои во анализата на „Журнал“.