„Ако албанскиот премиер Еди Рама го засолни Артан Груби во Албанија, кој е политичар по кого е распишана меѓународна потерница, тогаш тоа ќе биде во спротивност со договорите, потпишани претходно меѓу двете држави. Албанија е пријател и сојузник на * Македонија и не треба еден бегалец да биде причина за влошување на односите меѓу две држави, кои се и повеќе од тоа, бидејќи тие се и врска меѓу народите. Ако избегал навистина Груби во Албанија, тогаш тој ќе мора да биде вратен во * Македонија. Албанија не е засолниште за корумпирани!“ – нагласува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Ако е Груби во Албанија, како ќе треба да постапи Рама во однос на * Македонија?“.
Во анализата „Журнал“ пишува: Најголема е веројатноста дека Артан Груби се засолнил во Албанија, според јавните изјави на двајцата вицепремиери Арбен Фетаи и Изет Меџити. Од некои институции во Тирана Албанија посочуваат дека не е добро да се шпекулира за присуството на Груби во Албанија, особено ако се има предвид опасноста да се раскинат односите меѓу премиерот Рама и коалицијата Вреди во * Македонија. Во ваква ситуција, ако престојува навистина Груби во Албанија, тогаш, имајќи ги предвид заемните меѓудржавни односи меѓу * Македонија и Албанија, како ќе треба да постапи албанскиот премиер Еди Рама? Да го предаде Груби, или да продолжи да ги држи затворени очите, и покрај меѓународната потерница по него?
Бегството на Груби во Албанија – Рама на крстопат: да го крие Груби, или да го предаде?
Станува збор за билатерални односи односи меѓу двете земји, па ако Груби се засолнил во Албанија, тогаш тој ќе мора да биде вратен во * Македонија. Во спротивниот случај тоа ќе повлијае врз нарушување на односите. Ако Рама засолни политичар по кого е распишана меѓународна потерница, тогаш тоа ќе биде во спротивност со договорите, потпишани претходно меѓу двете држави.
Албанија не е засолниште за корумпираните
Во врска со бегањето на Груби во Албанија не останаа со скрстени раце ниту албанската коалиција Вреди-членката на владата: тие го повикуваат Груби да се врати и да не ја оцрнува Албанија.
„Артан, ако си решил да продолжиш да живее како ‘качак’-бегалец, тогаш никако не треба да продолжиш да престојуваш во Албанија, бидејќи Албанија не треба да биде сметана како засолниште за корумпираните. Артан, твојата активност е уште потешка, одошто е само корупцијата. Ти направи историска грешка и тешко го оптовари својот багаж, служејќи му на Сашо Мијалков. Артан, бегај од Албанија, оваа земја не е соодветна за слугите на најголемите противалбанци во * Македонија. Артан, засолнувањето во Албанија не те прави голем Албанец, ти требаше да го докажеш своето албанство кога беше на власт, но не го стори тоа. Наместо ова, ти одбра да им служиш на противалбанските, противевропските и противамериканските кругови!“ – реагираа од коалицијата Вреди кон Артан Груби.
Потребна и умна постапка ќе му биде на Груби во оваа ситуација самиот да се врати во земјата и да ѝ се предаде на правдата, да се соочи со неа. Затоа што во спротивното тој ќе потврди дека не му верува на овој правосуден систем, кој го изгради неговата партија ДУИ.
Албанија е пријател и сојузник на * Македонија и не треба еден бегалец да биде причина за влошување на односите меѓу две држави, кои се и повеќе од тоа, бидејќи тоа е врска меѓу народите.





