„Во врска со кочанската трагедија уследија во рок од 24 часа моментни активности, за да се издвои вината. Жртвите не се враќаат повеќе, повредените не заздравуваат побрзо, ако се најдат виновниците, но се лекува скапаниот систем на полагање отчет и на одговорност. Затоа, итната акција на Министерството за внатрешни работи кон целосното расветлување на овој случај е доброто во ова колективно зло. Ваквиот пристап на дејствување во рекордно време покажува одговорност и сериозност во решавањето на случаите кога граѓаните се оштетени. Оваа нова оперативна практика позитивно влијае врз враќањето на надежта дека оваа држава може и да ја биде! Затоа, сега кога гледаме акции, кои ја враќаат надежта за живеење во земјата, граѓаните ќе се премислуваат повеќепати дали да ја напуштат државата при првата можност, што ќе ја имаат.“ – констатира информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот редакциски коментар со наслов „Трагедијата во Кочани и сигналите дека може да се бара одговорност веднаш без одлагање!“.
„Журнал“ пишува: Трагедиите се пригоди, кои ги даваат најдобрите лекции за животот и од животот. За жал, кај нас имаше доволно вакви случаи. Но, не сме ја здобивале секогаш вистинската лекција, можеби дури и погрешно сме ја научиле. Дека трагедиите се случуваат и се забораваат без да се најдат виновниците, без да понесе никој одговорност, ниту да даде отчет. Со тоа се создава чувство на бесмислена толеранција каде што секој може да прави се и сешто, но без да се преземаат казнени мерки против него. Оваа практика негативно се одрази и на психата на граѓаните, но се чини дека тоа сега се менува.
Во врска со кочанската трагедија уследија во рок од 24 часа моментни активности за да се издвои вината. Жртвите не се враќаат повеќе, повредените не заздравуваат побрзо, ако се најдат виновниците, но се лекува скапаниот систем на полагање отчет и на одговорност. Затоа, итната акција на Министерството за внатрешни работи кон целосното расветлување на овој случај е доброто во ова колективно зло.
Преку решавање на случаите во рекордно време, граѓаните се чувствуваат побезбедно и поспокојни да живеат во државата. Ова е можеби и одговорност на безбедносните агенции да ја гарантираат безбедноста и мирот, а тоа се прави со тоа што сторителите на криминалот се ставаат во ситуација да одговараат за дејствата, што ги прекршуваат законите на оваа земја. Полицијата ги приведе сите организатори на трагичниот настан во Кочани. Кои на каков било начин се поврзани со организацијата на настанот во приватната дискотека во Кочани. Кобниот инцидент се случил во неделата во 3 часот по полноќ, кога во дискотеката Пулс избувнал пожар поради употреба на пиротехнички средства.
Меѓу лицата, кои беа приведени во полициска станица, е и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Со него беше извршен информативен разговор во полициската станица Карпош во врска со издадената дозвола за дискотеката во Кочани, каде што се случи трагичниот пожар, кој ги однесе животите на 59 млади лица. Уапсена беше и Размена Чекиќ-Дуровиќ од СДСМ, поранешната државна секретарка на Министерството за економија, во врска со кочанската трагедија. Според министерот за внатрешни работи Тошковски, Чекиќ ја фалсификувала лиценцата за работа. Лиценцата која била издадена лани, е истечена. Но, Размена Чекиќ има потпишано фалсификувани лиценци.
„Некои од уапсените се директно одговорни за овој настан, според досега собраните докази. Уапсено е лице, кое е организатор на настанот и за кое се сомневаме дека е еден од директно одговорните. Уапсени се и поранешен државен секретар во Министерството за економија, поранешен раководител на сектор во Министерството за економија, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во оваа управа.“ – изјави министерот Тошковски.
Фирмата немала легална лиценца за работа и околу овој дел од истрагата Тошковски рече дека не може да открие повеќе детали. Но, тој нагласи дека, како и многу други работи од минатото, се работи за мито и корупција. Ваквиот пристап на дејствување во рекордно време покажува одговорност и сериозност во решавањето на случаите кога граѓаните се оштетени. Оваа нова оперативна практика позитивно влијае врз враќањето на надежта дека оваа држава може и да ја биде. Позитивно влијае врз враќањето на надежта дека и во оваа држава може да се живее, но никако со пристапот кога ќе се каже само дека „истрагите продолжуваат“ во ситуации кога се убиваат луѓе, се случуваат кражби, се кршат автомобили и што уште не…
Ова не им послужи на институциите во државата, а камоли на граѓаните, кои беа малтретирани и злоупотребени од овој валкан систем, што ги поткопа желбата, волјата, но и можноста да се види позитивна перспектива внатре во државата. Затоа, сега кога гледаме акции, кои ја враќаат надежта за живеење во земјата, граѓаните ќе се премислуваат повеќепати дали да ја напуштат државата при првата можност, што ќе ја имаат. “
Безбедноста е еден од основните услови што мора да се исполни, за да се гарантира опшествената благосостојба. За да се постигне ова постојат безбедносните органи, кои со своите овластувања мора да гарантираат такво нешто. Но, во * Македонија се чини како овие органи да се неактивни и пасивни во функционирањето. Бидејќи многу случаи се случуваат, но завршуваат без расчистување и без никаков епилог, тоа создава чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Останува да се види дали кочанската трагедија ќе предизвика голем пресврт во враќањето на довербата во безбедносните и правосудните органи.






