„Треба да биде јасно: ако мора македонската државна химна и официјално да се интонира во целата држава, тогаш ќе мора и албанската химна да се пее во секое албанско училиште, но и не само во општините со албанско мнозинство. Бидејќи има многу општини, во кои Албанците не се мнозинство, но имаат голем број албански училишта и ќе мора да се задоволат потребите на Албанците, па во тој контекст, каде и да се учи албански, ќе мора да се интонира и албанската химна!“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот редакциски коментар со наслов „Новата влада да не отвора стари проблеми: или да се промени химната, или воопшто да не се интонира!“
„Журнал“ пишува: Химната е свечена песна, која ѝ е посветена на татковината и се одржува како симбол на единството на нацијата и државата. Затоа, секој граѓанин ја чувствува таа химна, чиј текст ја опишува поврзаноста со минатото, буди чувство на храброст и гордост. Деновиве оваа тема се актуелизира повторно, откако владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за интонирање на македонската химна. Секако, македонската химна може да се интонира, таа не му пречи никому ништо, но напоредно со неа треба да се интонира и албанската химна во албанските училишта.
Темата на химната повторно се актуелизира
Министерството за образование на чело со Весна Јаневска деновиве излезе со паушални изјави, кои воопшто не им служат на мирот и стабилноста во државата: од катастрофалните изјави дека УЧК не претставува ништо во историјата на оваа држава, до одлуката да се интонира македонската химна во училиштата во земјава. Министерството за образование достави до Собранието предлог-закон, со кој се обврзуваат средношколците во нашата земја да ја пеат химната на Република * Македонија на почетокот и на крајот на учебната година.
За Весна Јаневска, министерката за образование и наука, која е од ВМРО-ДПМНЕ, сите, ние, што живееме и работиме во оваа држава, мораме да ги почитуваме нејзините национални симболи. „Ние, како претставници на една држава, се гордееме со нашите национални симболи со химната, знамето и грбот. Секој што ја чувствува оваа држава како своја и секој што има намера да работи за иднината на оваа држава треба да ги почитува симболите на државата.“ – рече Весна Јаневска.
Химната како тема досега многупати била отворена и повторно отварана, како и во јули годинава кога единствениот советник од ДУИ во Општина Велес Невзат Муаремовски гласаше „за“ задолжително интонирање на македонската химна во сите основни училишта во Велес. Во гласањето на предлогот, што беше видено и преку видео снимката, Муаремовски гласаше „за“. Минатата година, кога оваа тема ја отвори ВМРО ДПМНЕ, градоначалникот на општина Тетово и лидер на партијата Беса Билали Касами истакна дека, ако во училиштата се интонира македонската химна, тогаш ќе мора и да се почитува и албанското мнозинство и да се интонира и албанската химна. „Ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, тогаш ќе мора се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етникум и мора да се интонира и албанската химна.“ – нагласи Касами.
Касами рече дека националната химна не ја отсликува мултиетничката реалност и мултиетничкото општество во * Македонија, па затоа не може да се интонира во општини со албанско мнозинство. „Се додека ова е реалноста… тоа подразбира или мора да се смени химната и да се почитува културната и етничката различност, или ако се донесе одлука таа да се интонира како што е, тогаш мултиетничката припадност на државата и општеството, па во земји, општини, или локалитети со албанско мнозинство како втора мнозинска заедница, да се интонира и албанската химна.“ – заклучи тогаш Билал Касами, градоначалник на Тетово и лидер на Беса.
Сега останува да се види дали челниците на Вреди, особено Билал Касами, ќе останат доследни на она што го изјавуваа кога беа во опозиција. Во овој момент Беса заедно со другите партии, кои беа опозиција, а сега се се дел од власта, имаат добри и влијателни позиции и ова влијание мора да се спроведе во праксата, за да се убедат граѓаните на државата дека Вреди не отстапува од својата позиција, ниту од тоа дека е албанскиот глас во Владата.
Но, едно мора да се разјасни: ако прашањето за химната стане официјално во целата држава, тогаш ќе мора и албанската химна да се пее во секое албанско училиште, но и не само во општините со албанско мнозинство. Бидејќи има многу општини, во кои Албанците не се мнозинство, но имаат голем број албански училишта и ќе мора да се задоволат потребите на Албанците. Па во тој контекст каде и да се учи албански ќе мора треба да се интонира и албанската химна.





