Ова го истакна премиерот на Гренланд, Мут Егед, по изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека сака да го „купи“ островот.
Тој рече дека ги разбира интересите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за најголемиот остров.
Но, сепак, потенцира дека Гренланд сака да биде независен и дека жителите на островот се стремат да бидат Гренланѓани, а не Американци или Данци.
Гренланд, иако е автономен регион на Данска, има стратешка локација во Арктикот и значајни природни ресурси, како нафта, гас и минерали.
Овој регион станува сè поважен поради климатските промени, кои доведуваат до топење на мразот и откривање нови економски можности, што го прави атрактивен за големите светски сили како САД, Русија и Кина, кои се борат за влијание во оваа чувствителна област.
Егед, кој се залага за независност на Гренланд, ја критикува Данска, тврдејќи дека често не се однесува соодветно со локалното население, Инуитите.
Тој истакнува дека Гренланд е дел од северноамериканскиот континент и дека неговите жители го сметаат островот како „свој дом“, кој не треба да биде дел од други нации.
На Гренланд живеат само 57.000 луѓе.





