Живот на конец за 35 илјади денари

Маскирано лице го ограбило 47 –годишниот поштар А.Ф. вработен во македонски пошти, на улицата „Македонско-косовска бригада” во општина Чаир.



Крадецот му вперил пиштол на А.Ф. по што тој бил принуден да му ги даде двете торби со 15 и 20 илјади денари – веројатно пензии кои требало да им ги разнесе на пензионерите во реонот.

Потоа крадецот го повлекол пиштолот и мирно си заминал.

Од МВР велат ги преземаат сите мерки за целосно расветлување на случајот.