Членот на Барселона беше дочекан со неверојатна салва од свирежи, во Шпанија велат дека тоа до сега не му се случило никому, на првиот тренинг на репрезентацијата која се собра во Мадрид. Фуријата ја чекаат двата завршни дуела од групата Г од квалификациите за СП, во која сме и ние, против Албанија дома и со Израел на гости.
Симптоматично е тоа што така не беа дочекани и другите фудбалери на Барселона, но тоа се должи на приврзаноста на Пике на независноста на Каталонија. „Пике ѓубре“ и „Надвор од репрезентацијата“ се паролите што му ги упатија навивачите на стоперот кој многу несреќно деновиве објасни дека е за независна Каталонија, но дека игра за шпанската селекција затоа што сакал да победува.
https://youtu.be/NsC_rTUeF24
Во меѓувреме Барселона соопшти дека става клуч на клубот, и се придружува на народот кој продолжува со протестите.