Јавен обвинител и полициски екипи го истражуваат загинувањето на жена синоќа на скопската обиколница.
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информираат дека се утврдува дали сега починатата жена се движела пеш по коловозот или, пак, паднала од надвозникот.
Во тој момент, се вели во описот од Обвинителство, на неа налетал автомобил што се движел по обиколницата, а кој возел во ноќни услови и со намалена видливост на патот, дознава 360 степени.
По несреќата, на возачот на автомобилот му бил направен алкотест при што било утврдено дека не возел под дејство на алкохол.
Од Обвинителството велат дека е издадена наредба за обдукција на телото на починатата и дека се прибрани траги и материјални докази што ќе бидат предмет на вештачење.






