Жена во години ограбила спортска обложувалница, веднаш ја уапсиле

Жена во години ограбила спортска обложувалница, ама експресно ја уапсиле. Доцна синоќа околу 20 часот, на локален пат за село Ростуше, Гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 56-годишната В. Т. од село Ростуше, извести МВР.



Конкретно, на 09.06.2024 во 19.50 часот на локален пат за с.Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода В.Т.(56) од с.Ростуше. 

Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во с.Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. 

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.