Е ова е пазар: Мугабе добива 10 милиони долари за оставка!

Поранешниот претседател на Зимбабве,  постигнал договор тој и неговата сопруга Грејс ќе добијат најмалку 10 милиони долари.



Истовремено било договорено и членовите на неговото семејство да добијат имунитет од гонење.

За сега, точниот износ што треба да му се исплати на Роберт Мугабе и неговата сопруга е непознат, но висок официјален претставник запознат со договорот, соопштил дека вкупниот износ нема да биде помал од 10 милиони долари, пишува британски Гардијан.

Наводно, на Мугабе веднаш ќе му бидат исплатени пет милиони долари во готово, а остатокот во наредните месеци.

Мугабе, 93, ќе добива плата од 150.000 долари за доживотно, додека сопругата Грејс Мугабе, 52, по неговата смрт, ќе добива половина од оваа плата.

Во ноќта помеѓу 14 и  15 ноември, армијата ја презеде контролата врз Зимбабве, го стави во домашен притвор Мугабе, кој поднесе оставка на 21 ноември, со што завршија неговите 37 години власт.