Државната изборна комисија се самораспушти после скандалот со дополнителните хонорари, а членови на Избирачките одбори, кои работеа за двата изборни круга на 15 и 29 октомври во општините Шуто Оризари и Сарај – останаа без пари.
„Дадени се налозите до ДИК за исплата на надоместоците уште веднаш од страна на претседателот на ИО, и сите се исплатени само ние и тие што работеа во Сарај останавме без пари. Молчат и од општините, па веќе не знам каде да си ги бараме заработените пари“, раскажува за Експрес.мк член на ИО.
Според дневниците, претседателите на ИО треба да земат 4.000 денари – 2.000 за ден, а членовите 1.500 дневно, или 3.000 денари за двата изборни круга.




