На традиционалниот голем народен собир по повод Илинден во леринското село Овчарани во Егејска Македонија гостите и годинава можеле да слушнат многу популарни македонски народни песни но и песни кои малку се познати во Вардарска Македонија.
Илинден меѓу Македонците во Егејска Македонија поради различниот календар се слави две недели порано од 2 август како што се слави во матичната држава Македонија.
Годинава покрај големите хитови како ,,Македонско девојче” или ,,Велат не нема ама тука сме”, во Овчарани на Илинден можеше да се слушне и една песна која во Македонија ретко кој ја пее а се однесува на беровскиот војвода Дедо Иљо Малешевски.
Песната меѓу народот е позната под името ,,Кој си нема пушка тука нека дојде”.
Малку позната песна посветена на славниот војвода е со следниов текст
Ајде провикнал се Иљо Малешевски
Ајде провикнал се
Иљо Малешевски
Иљо војводата.
Кој си нема пушка
тука нека дојде
пушка да му дадам.
Кој си нема сабја
тука нека дојде
сабја да му дадам.
Малешево да иде
душман да истера
од градот Берово.






