Европката Комисија денеска ќе ги извести производителите на автомобили дека од следниот месец привремено ќе применува дополнителни царини од 38% за увезените кинески електрични возила, објави Фајненшл тајмс.



Аналитичарите оценуваа дека очекуваат царини од 10% до 25% за кинеските електрични возила, потег кој најверојатно ќе предизвика можна одмазда од Пекинг.

Европската комисија соопшти дека кинеските електрични возила добиваат прекумерни субвенции.

Помалку од еден месец откако САД четирикратно ги зголемија тарифите за кинеските електрични возила на 100%, Брисел се очекуваше да постапи слично со царини до 25%.

Водечките европски производители на автомобили велат дека се’ повеќе се загрижени за заканата од евтините кинески електрични возила, но се оптимисти дека можат да го одбранат својот удел на пазарот.

Продажбата на возила со целосно електрични и внатрешно согорување од кинеско производство значително порасна во последниве години, не само од кинеските производители на автомобили како MG и BYD, туку и од увозот како што се Tesla, Dacia и BMW.

Минатата година во Европа беа продадени околу 300.000 целосно електрични автомобили произведени во Кина, во споредба со 150.000 во 2021 година.