ЕУ пружа рака на САД но подготвена е и за трговска војна

Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска објави дека ЕУ пружа рака за соработка кој САД но и дека унијата е подготвена и за трговска војна.



Ако САД ја одбие понудата од Брисел тогаш Вашингтон ќе добие царински контрамерки кои можат да доведат до трговска војна.

,,Европа е подготвена да преговара со САД.

Понудивме тарифи по принципот ,,нула за нула” за индустриски стоки.

Затоа што секогаш сме подготвени за добра зделка.

Но, ние сме исто така подготвени да одговориме со контрамерки.

И да се заштитиме од индиректни ефекти преку пренасочување на трговијата”, објави Фон Дер Лајен.

Изјавата на Фон Дер Лајен на овој линк

https://x.com/vonderleyen/status/1909238427272307101?t=iUoXRNuZIXMfcI_GSbsXBg&s=19