„Иснија Топаловски, 84-годишниот оџа-хафез од Долнени, вчера за време на еден од собирите на мојата кампања ми ја бакна раката не како на политичар, туку како на хируг, кој му го спасил животот за време на една лекарска интервенција. Овој оџа, кој служел во месната заедница во селото Дебреше, кај Долнени, цели 65 години, го направи тоа како израз на на почит кон рацете на еден хирург.“ – изреагира „европскиот претседател“ од ДУИ Бујар Османи по „експлозијата“ на реакции на општествените мрежи, откако оџа му бакна рака на еден кандидат за претседател од „Европскиот фронт“. За ова јавува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Инаку, интересно е да се дознае: дали и во редовите на ДУИ постои пракса на „бацирака“ и кон лидерот на ДУИ Али Ахмети, како „израз на благодарност“ кон неговите „милостиви лидерски раце“, кои штедро им даруваат многу на оние, кои му се послушни беспоговорно?!
Бујар Османи дополни во својата реакција: „Се надевам дека ќе се извинат сите оние, кои избрзаа да просудуваат, без да сфатат за што се работело.“





