Новинарот и водител на емисијата Заспиј ако можеш Драган Милосављевиќ со анализа на односот на Европската унија кон Македонија и како дел од јавноста ја коментира одлуката Албанија за разлика од Македонија да почне преговори за членство.
За Милосављевиќ во врска со ЕУ преговорите ситуацијата е следна: Од Албанија бараат да пушти од затвор грчки криминалец, од Македонија да прифати дека е втора бугарска држава.

,,Албанија почнува со отворање на поглавјата, Македонија не. Домашниот олош нескриено се радува јербо „еј и Албанија не претрка, ние останавме во калта“.
Но не спомнуваат дека и двете земји освен реалните услови за пристапување во ЕУ, имаа(т) и ирационални пречки, само со многу различен квалитет.
Од Албанија се бараше да ослободи од затвор едно типче со грчко потекло. Од Македонија се бара да крене раце од суштината на сопственото постоење за мерак на Бугарија. Овие два ирационалн услови се разликуваат драстично по тежината и последиците од таквиот чин.
Албанија го пушти ликот и со тоа сите можат мирно да живеат, а Македонија едноставно не може да прифати дека е втора бугарска држава. Ама олош си е олош!”, пишува водителот на популарната емисија на ТВ Алфа.






