Русија ја критикуваше Европската унија поради забраната за дистрибуција на четири руски медиуми, пренесува „Ројтерс“.



Според претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин, ова покажува како Западот одбива да прифати каква било алтернативна гледна точка и ја уништува слободата на говорот.

Вчера, Европската унија објави дека ја прекинува дистрибуцијата на „Гласот на Европа“, новинската агенција РИА Новости и весниците „Известија“ и „Росијскаја газета“ со образложение дека тие „се суштински инструменти за промовирање и поддршка на руската агресивна војна против Украина“.

Русија предупреди дека овој потег ќе доведе до остар одговор против западните медиуми во Москва, но се уште не објави кои медиумски организации ќе бидат погодени.

Раководството на ЕУ може да зборува само за слободата на говорот, но всушност тоа не го толерира“, изјави претседателот на Државната дума, кој е близок соработник на претседателот Владимир Путин и член на Советот за безбедност на Русија.