Македонците во Австралија ја слават победата на фудбалерите на Престон лајонс од 2:0 над клубот на грчката заедница Саут Мелбурн во петтото коло од Премиерлигата на Викторија.
Со френетично скандирање „Македонија, Македонија“, домашните навивачи ги прославија головите за три бода и искачување на второто место на табелата, кое води во полуфиналето на плејофот во второлигашката конкуренција.
Сите 9.036 места на трибините на стадионот „Џинис стил“ беа распродадени неколку дена пред натпреварот што е повеќе од фудбал за навивачите на некогашна Престон Македонија.
Еуфоријата по головите на Џан Албано (57. минута) од пенал со „паненка“ и на Лејтон Брукс (81. минута) по 1:38 часа и по 2:06 ч. од почетокот на видеото на линкот: https://www.facebook.com/share/v/1FWr1CYqcc/






